Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија собраниската сала и порачаа дека нема да гласаат за техничката Влада на чие чело ќе застане Талат Џафери.

По говорот во кој пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, испрати силни пораки, пратениците излегоа од салата.

ВМРО-ДПМНЕ одамна најави дека пратениците нема да ја поддржат оваа техничка Влада и нема да гласаат за неа.