Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за финансирање и буџет.

На дневен ред на седницата се Предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската инвестициона банка по Финансискиот договор за Железничкиот коридор VIII – источна делница МК, делница Крива Паланка – граница меѓу Македонија и Бугарија, Предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за Железничкиот Коридор VIII – Фаза 3, делница од Крива Паланка до граница со Република Бугарија и Предлог законот за задолжување на државата кај Европската инвестивицона банка за финансирање на Проектот за заеднички железнички граничен премин – Табановце, сите по скратена постапка.

Фото: Архива