Времето во нашата држава ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен претежно северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус два до осум, а дневната од 17 до 23 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 21 степен.
До понеделник времето ќе се задржи стабилно и топло. Во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе се намали за 5 до 8 степени. Од вторник до четврток ќе преовладува претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд на пониските места, а на планините од снег. Температурата во овој период ќе биде во постојано опаѓање, а утрински температури од среда кон викендот во повеќето места ќе бидат околу нулата.