Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територијата на град Скопје се изречени се вкупно 401 санкција.

Како што информира МВР, меѓу санкционираните, 24 лица се казнети за возење без возачка дозвола, 110 за пречекорување на дозволената брзина на движење, 19 за технички неисправни и нерегистрирани возила и 120 за непрописно паркирање.

Покрај ова, санкционирани се и 21 мотоциклист, 82 возила се подигнати со специјално возило „пајак“, а изречени се и 69 казни за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението на МВР.