Едно лице е повредено во сообраќајната несреќа што се случи вечерва во  21 часот на патот Струмица-Радовиш кај крстосницата со селата Ангелци и Градашорци.

Според информацијата од портаполот на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, во сообраќајката учестувале патничко моторно возило и трактор со приколка, а повреденото лице е пренесно во Струмичката болница.

На местото на несреќата полицијата врши увид, а сообраќајот се пренасочува по стариот пат преку селото Василево.