Поради сообраќајна незгода во близина на Градашорска крстосница во прекин е сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Радовиш.

Како што информира АМСМ, сообраќајот е во прекин во двата правца од 21:20 часот.

Засега нема детали за сообраќајката, како настанала и кои се учесници.