На лице место загинал 42 годишен маж од Кочани во тешката сообраќајна несреќа, која се случи синоќа во 21.30 часот на патот Штип-Радовиш, кај патоказот за село Љуботен.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека во оваа несреќа во која учествувале три возила, од кои две од Кочани и едно од Радовиш, со тешки телесни повреди се здобил и возачот на „опел корса“, а двајцата сопатници од истото возило се со телесни повреди.

Вкупниот биланс на повредени од двете сообраќајни несреќи во Штип изнесува 16 лица, од кои 11 се мигранти. МИА синоќа информираше и за несреќата која се случи во близина на селото лакавица на истиот регионален пат Штип-Радовиш, во која учествуваа две возила „мерцедес“, а во едното од нив се превезувале мигрантите, додека возачот избегал од местото на несреќата.  На болничко лекување се 12 лица, а останатите четворица се на домашно лекување.