Фондацијата Институт Отворено општество на Џорџ Сорос ја затвора својата подружница во Скопје, дознава Радио Лидер од извори блиски до Њујоршката централа на организацијата.

Како што објави Лидер, од централата на Сорос одлучиле проектите во Македонија да бидат опслужувани преку подружницата на фондацијата во Тирана.

Нивниот извор тврди дека нема да бидат продолжени договорите на менаџментот во Скопје и на директорката Фани Каранфилова Пановска.

Фондацијата на Џорџ Сорос, со години инвестираше десетици милиони долари во проекти „за развој на цивилното општество во Македонија и зајакнување на институционалните капацитети“.

Затворањето на канцеларијата во Скопје нема да значи дека оваа фондација веќе нема да има проекти во Македонија, ќе има но во намален обем и тие ќе одат преку Тирана.

Филантропот Џорџ Сорос и неговиот син Алекс се блиски пријатели до албанскиот премиер Еди Рама.