Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел планира веднаш да свика специјален самит на европските лидери во случај на руски напад врз Украина.

– Тоа ќе обезбеди обединета одлука за санкциите, рече денеска Мишел на Минхенската безбедносна конференција и додаде дека во изминатите неколку недели биле подготвени различни сценарија за оваа цел.

За заканата од руските војници во близина на границите на Украина, Мишел рече: „Тие се надеваа дека ќе посеат раздор, ќе го ослабат нашиот сојуз и ќе нè поделат, но го постигнаа токму спротивното“.

Тој нагласи дека кохезијата е зацементирана и во ЕУ и преку Атлантикот.

Русија продолжува да ги негира плановите за напад на својот сосед, пренесе ДПА.