Стратешкиот план на Министерството за внатрешни работи е намалување на криминалитетот, а состојбата во РС Македонија можеме генерално да ја оцениме со мирна и стабилна без тенденција да се влошува, рече во гостувањето на МТВ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Ако ги споредиме периодите јануари-јули 2020 и истите месеци во 2021 година, криминалитетот се намалил за 10,8 проценти. Според нашите анализи стапката на криминал на 100 илјади жители сега е 569 дела, а лани во иститот период 630 дела на 100 илјади жители, а тоа покажува зголемена проактивиност на полицијата, појасни Спасовски.

Тој рече дека исто така се бележи намалување на криминалот поврзан со дрога и наркотични средства, оружје, илегалната миграција но и и потрагите по потерници.

-Има навистина добри резултати на полицијата, во овој период се сузбија две криминални групи со 16 члена и 8 меѓународни транспорти на дрога,од јануари до јули откриени се 77 кривични дела со 84 сторители во однос на поседувањето и трговија со нелегално оружје, рече Спасовски.

Ова е уште еден показател дека „статистиката е помоќна и од полицијата“. Во период кога Македонија е на црните топ листи по криминал и корупција статистиката „ни носи благодет во борбата против криминалот“.