Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека од денеска целосно ќе биде затворен сообраќајот на делницата помеѓу клучките Штип-Запад и Штип-Југ.

Сообраќајот ќе биде пренасочен на веќе постоечкиот Регионален пат кој минува низ Штип преку Ново Село до клучка Штип-југ.