Техничкиот премиер, Оливер Спасовски смета дека предвремените парламентарни избори се фер и демократски.

Тој на својот Фејсбук профил напиша дека „нашата држава“ уште еднаш на дело ги покажала европските вредности.

„Нашата држава покажа дека е заслужено членка на НАТО и е заслужено пред почеток на преговорите со ЕУ. Како народ, како Влада и како држава, покажавме уште еднаш, европски вредности – на дело. Овие, кристално чисти, фер и демократски избори се уште еден доказ, дека кога има демократска политичка определба и кога има демократска организација, има и чисти демократски резултати, одраз исклучиво на слободно изразената граѓанска волја, напиша Спасовски во својата објава на Фејсбук.