Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одржа работна средба со раководствата на СВР Тетово, СВР Охрид и Регионалниот центар Запад за да се запознае со сработеното во 2022 година и да се информира за постигнатите резултати.

Спасовски по средбата рече дека бил информиран за безбедносната состојба на подрачјата на СВР Тетово, СВР Охрид и Регионалниот центар Запад, состојбите со криминалитетот, како и активностите кои се преземаат во насока на намалување на стапката на криминалитет, одржување на поволен јавен ред и мир, безбеден патен сообраќај и превенција.

а територијата на СВР Тетово во периодот јануари – ноември 2022 година, споредбено со истиот период во 2021 година, вкупниот криминалитет бележи намалување за 7 проценти. Она што посебно би сакал да го истакнам и што бездруго охрабрува е дека севкупната ефикасност во откривачката  функција годинава е значително зголемена и се движи околу 78 проценти. Позитивен тренд во 11-те месеци годинава е присутен и во областа на безбедноста во сообраќајот. Во овој период санкционирани се 24.304 сообраќајни прекршоци, од кои најбројни се за брзо возење (3602), а за одбележување е и податокот дека намален е бројот на сообраќајни несреќи за три проценти што се должи на континуираните акциски контроли, истакна Спасовски.За територијата на СВР Охрид, Спасовски рече дека стапката на криминалитет во периодот јануари – ноември 2022 година, споредбено со истиот период 2021 година е намалена за 14,4 отсто, а зголемена е откривачката дејност со што e постигната ефикасност во расветлувањето од 3,3 отсто повеќе во споредба со ланската година. Исто така и дека кај класичниот криминал се бележи зголемување на ефикасност во расветлување на кривичните дела за 8 отсто во споредба со ланската година и намалување на регистрирани кривични дела од 9 отсто. Во областа на сообраќајот за 11 месеци во 2022 година компаративно со ланската година имало намалување за 4 отсто во однос на сообраќајни незгоди.За територијата која е во надлежност на Регионалниот центар Запад бележиме покачување од 95 отсто. За откривање на прекуграничниот криминал и илегалната миграција во однос на откривачката дејност, откриени се четири парцели насадени со марихуана при што се запленети 524 стебла со зелена тревкаста материја. Годинава преземавме и низа активности по водите на Охридско Езеро и на копно со цел откривање на незаконско влегување и шверц на стока, откривање на кривични дела „незаконит риболов“ и прекршоци од Закон за внатрешна пловидба и Закон за рибарство и аквакултура, при што бележиме покачување од 91 отсто, истакна министерот Спасовски. Додаде дека во периодот јануари – ноември 2022 година, споредбено со истиот период минатата година, регистрирано е зголемување на протокот на патници за 27 отсто.

Според него, и во наредниот период ќе се продолжи со зголемена динамика при реализација на превентивните активности, но и на репресивните мерки.