Целосно се води истрага во рамки на Јавното обвинителство, сите активности што сме задолжени да ги спроведеме, да прибавиме докази итн, ги пријавуваме и ги доставуваме до Јавното обивнителство, изјави денеска министерот за вантрешни работи Оливер Спасовски во врска со случајот на Сашо Мијалков.

– Кога ќе има законска можност да бидат споделени со јавноста овие детали, сигурно дека тоа ќе биде направено, одговори на новинарско прашање до каде е постапката со Мијалков, министерот Спасовски, кој утрово е во посета на Секторот за внатрешни работи Куманово и на увид во градежните активности на објектот.