Социјалистичката партија на Македонија реагира на крајно промашената проценка на Бојан Маричиќ за промена на опозицискиот став за измените на Уставот.

-Повеќе од очигледно е дека Маричиќ не сака или не смее да ги согледа дијаметрално спротивните разлики кои се соддржани во предлогот на власта и предлогот на опозицијата. Меѓутоа, ниту тој ниту премиерот Ковачевски не се изјаснуваат по двата опозициски предлози, со што ја оневозможуваат и девалвираат натамошната комуникација и воопшто потребата од неа.

Социјалистичката партија на Македонија цени дека инсистирањето на Маричиќ за формирање тимови за продолжување на разговори и започнување на преговори е само можност СДС да ја развлече постапката до редовниот термин на избори за да го поддолжи владеењето со ДУИ. С. Истовремено навредува со ставот за потребен разговор во реални рамки, умислувајќи дека тоа што го предлага СДС е разумно и реално.

Социјалистичката партија на Македонија предупредува дека се работи за прашања што СДС ги превземал во преговарчката рамка, со цел за бугаризација на Македонија, нешто што неможе да го испорача и за што врши притисок врз опозицијата и преку медиумите шири лаги, еуфорија и невистини.
Оттаму умислениот Маричиќ безсрамно и инфантилно заклучува дека доколку изостане некаков си разумен дијалог ќе се тргне во раговор и убедување на секој пратеник.

Социјалистичката партија на Македонија повторно и укажува на јавноста и отворено го предупредува и СДС и очигледно виолентниот Маричиќ да не се дрзнат и да се осмелат на повторување на авантурата од 2018 година со директен притисок и поткуп врз пратениците. Ние благовремено предупредуваме на последиците од таквиот чин.

Очигледно овие апатридни ликови од власта ги потценуваат опозициските пратеници и нивниот одлучен став против уставните измени, но и се поголемиот отпор кај граѓаните.

Социјалистичката партија на Македонија ги упатува партиите од власта на потребата за нивна подготовка за понесање сметка за неспособноста, криминалот и лошото и предавничко владеење, велат од Социјалистичката партија на Македонија.