Социјалистичката партија на Македонија оценува дека кандидатот за претседател Стево Пендаровски секогаш бара вина кај другите за неуспесите и грешките што се случиле, се истакнува во реакцијата од оваа партија.
Во продолжение целото соопштение од СПМ:
За неуспехот во напредокот кон евроинтеграцијата без срам ја обвинува опозицијата. Неговите бугарски пријатели брскрајно ги сака да бидат како поддржувачи на процесот и покрај нивно вето и уцените за бугаризација на Македонија што тој ги прифаќа.
Пендаровски не споменува дека криминалот и корупцијата, уништеното судство и обвинителсто и неисполнетите критериуми за членство се пречките со кои тој како претседател не се занимавал, туку чека друг да ги реши.
Признава дека можело и подобро да владее гарнитурата на СДС и ДУИ но повторно опозицијата му е крива за грешните политики, за осиромашувањето на граѓаните, за криминалот и корупцијата, за штетните закони и меѓународни договори што тој ги поддржа.
Цени дека опозицијата нема шанси во изборите дека тој ќе победи и затоа шири навреди и невистини кон противкандидатите. Пендаровски е против повторното преговарање за штетните договори за кои без срам се фали дека учествувал во нивното подготвување.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека овој самобендисан човек нема капацитет да ја води државата што се потврди во неговиот истрошен празен мандат, во кој, освен оговарање, не сработи ништо за државата, за нејзиното единство и за нејзината стабилност и напредок.
Затоа не треба да се гласа за Пендаровски туку за кадрите предложени од Коалицијата „Твоја Македонија“ за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицковски за премиер, заедно со листите за пратеници на Коалицијата.
Социјалистичка партија на Македонија