Социјалистичката партија на Македонија укажува дека приказните на вицепремиерот од СДС, Битиќи дека пензискиот план на Коалицијата „Твоја Македонија” ќе остави без пензија половина од пензионерите се конструкција и лага за партиски предизбори потреби.

Зголемувањето на пензиите е неопходно и со право се предлага линеарно зголемување на пензиите од страна на Коалицијата „Твоја Македонија“ и истото наидува на поддршка од пензионерите, што особено го избезумува вицепремиерот.

Битиќи си прави свое црно сценарио дека нема да има доволно пари за пензии и дека тоа ќе ги поремети финансиите на пензискиот фонд. Заборава дека разликите и заостанувањето на пензиите го направи токму владата на СДС и ДУИ и ги предизвика незадоволството и барањата на пензионерите.

Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека е доста од лагите и манипулациите што постојано предизборно ги шират СДС и ДУИ.

На граѓаните им е јасно дека тие се потрошени партии и политичари и мора да си одат во историјата. Врме е за нови ликови и јасни и прецизни предлози кои се потребни за граѓаните.

Социјалистичка партија на Македонија