Србија на 1 јуни ќе ги отвори границите со Македонија, но и со уште три земји од окружувањето, дознава Блиц.рс.

Како што пренесува порталот, во потполност ќе се отворат границите со Македонија, Албанија, БиХ и Црна Гора.

Ваквата одлука е донесена, бидејќи ниту една од овие земји не беше жариште на коронавирусот.

Одлуката е донесена најмногу заради студентите од Република Српска и Црна Гора, кои циркулираат меѓу тие 3 земји.