Владата денеска во 16:30 часот ќе одржи седница, на која меѓу другото ќе расправа и за полицискиот час, кој е воведен поради епидемијата на Ковид-19.

На седницата меѓудругото ќе се расправа за планот за олеснување на мерките, предложен од Комисијата за заразни болести.

За заклучоците од седницата, Владата ќе информира со соопштение.