Три деца во Србија, заболени од Ковид 19, се на респиратор.

Српскиот лекар Владислав Вукомановиќ предупредува дека клиничката слика кај децата станува се потешка!

Медумите пишуваат дека Србија е потресена од  веста дека трите деца, две на возраст од 15 и 17 години, како и бебе старо само пет месеци, се поврзани со апарат за дишење.

Д-р Вукомановиќ за РТС изјавил:

“Децата се во животна опасност. Секој пациент кој е на респиратор е во опасност по животот. Седумнаесетгодишно момче има прекумерна тежина, 16 годишното девојче е без никакви коморбидитети, а третиот пациент е петмесечно новороденче. Кај децата, позитивни биле и родителите, што значи синџирот на пренесување одел од родителите кон децата, но може и да е обратно”.

Лекарот, исто така, рекол дека, сега, клиничката слика на кај заболените деца е различна отколку пред неколку месеци. “Клиничката слика на Ковид-19 кај децата е целосно изменета. Пред само шест, седум, осум месеци, доминантни беа пациентите со таканаречениот мултисистемски воспалителен синдром, имавме околу 55 од нив, сите беа излечени и се надеваме дека целосно здрави ја напуштиле нашата установа. Сега има сосема поинаква слика кај адолесцентните пациенти, со тешка пневмонија. Сите три деца на респиратор имаат тешка пневмонија и беа примени пред 48 часа, а иаме и едно дете со воспаление на срцевиот мускул и срцевата ќеса“ изјавил Вукомановиќ.