Материјалите за државна матура се веќе намалени, тврди министерот за образование, а пренесува Сител. Шаќири сепак не ја исклучува можноста да се излезе во пресред на барањата на средношколците процесот одново да се олесни, но тоа ќе се решава на средба со Државниот испитен центар.
Дел од материјалот кој е доставен до средношколците е усогласен според тоа како е реализирана во претходната учебна година. Но, без разлика на тоа, јас сум отворен во наредниот период да реализирам уште еден состанок со Државниот испитен центар (ДИЦ) како институција која ги подготвува сите фази за реализација на државната матура и да го видиме начинот на којшто тоа треба да се реализира“, рече Шаќири.
Барањата на средношколците наидуваат на поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ. Според опозицијата, државна матура мора да има, но таа треба да се прилагоди на реалните состојби во обранованието.
Група матуранти вчера излезе на протест пред МОН за да ги потсети надлежните за пречките со кои нивната генерација се соочува изминатите 4 години – од ковид пандемијата, он лајн часови, штрајк на наставниот кадар и 5 месечни дојави за бомби.
На нов протест во петок од Орагнизацијата за дијалог и афирмација на средношколците ќе го повторат барањето за кратење на материјалите.
Сојузот на средношколци се уште нема официјален став. Ова прашање ќе го разгледува Генералното собрание за 2 недели.
Екстерните испити се веќе закажани за 27 мај и 10 јуни.