Уште еден бизнисмен, член на Сојузот на стопанските комори на Македонија пријавил дека бил подложен на рекет, а претседателката на ССК Данела Арсовска бара брз разрешница на состојбата.
-Има случаи кои што се пријавени. Ние не сме орган за истражување ниту некој кој треба да ги проследува или работи, меѓутоа сме луѓе кои ги штитат нашите членови. Има повеќе од еден случај кој пријавил, дали за оваа или за друга ситуација и се ќе направиме што е во наша надлежност да ги заштитеме членовите и да се потрудиме да не се повтори, бидејќи тоа е од интерес за сите нас, изјави Данела Арсовска, претседателска на ССК одговорајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.
Таа истакна дека станува збор за голема компанија, не прециизирајќи за која компанија станува збор и од кој сектор доаѓа.
-Ова што го слушаме навистина е нешто што ја раздрма деловната заедница. Брза разрешница е нешто што ќе ни влее малку доверба дека она што го зборуваме во изминатата година континураино, дека без владеење на правото, заштита на сопственоста и без некој да се грижи за луѓето што инвестираат, креираат работни места во земјава не можеме ништо да направиме и да постигнеме па ниту и да се трудиме да кажеме дека оваа или која било година ќе биде економска година, истакна Арсовска.