Европската електродистрибутивна мрежа минатата недела се нашла на работ на крах, поради што постоела опасност десетици милиони домаќинства во Европа да останат без електрична енергија, тврди виенскиот весник „Стандард“.

Според весникот, фреквенцијата на струјата во европската мрежа минатиот четврток околу 21 часот паднала на 49,8 херци, што е близу до нивото кога треба да се активираат заштитните механизми.

Толку ниска фреквенција на струјата е измерена пред 12 години во Франција, кога превентивно од мрежата беа исклучени 10 милиони домаќинства.

„Стандард“ наведува дека овој пат преземените превентивни мерки дале резултат и не дошло до прекин на напојувањето со струја.

Австрискиот експерт Херберт Сауруг во изјава за весникот наведува дека овој „инцидент“ бил последица на сплет на околности.

Според него, некои електроцентрали понекогаш прерано се исклучлуваат од мрежата, додека други преспоро се вклучуваат, како резултат на што доаѓа до послабо снабдување и пад на фреквенцијата на струјата. Минатата недела од системот испаднала и една голема електрана во Шпанија, што дополнитело ја усложнило целата состојба.

Електричната енергија не може да се складира, поради што нема можност за „уфрлање струја од резерви“ при зголемена поторшувачка или намалено производство.

Фреквенцијата на струјата во електричната мрежа во Европа изнесува 50 херци и таа мора да се одржува на тоа ниво за нормално снабдување.

Доколку дојде до оптоварување на системот, поради зголемена поторшувачка или испад од мрежата на поголеми електрани, генераторите работат поспоро и фреквенцијата се намалува. Во таков случај потребна е брза реакција, бидејќи во спортивно може да дојде до крах на мрежата.

Според Сауруг, при најмало отстапување од стандарната фреквенција, потребна е итна реакција, бидејќи нејзиното намалување не оди линеарно, туку експоненцијално и за само неколку секунди.