Руската православна црква ја осуди одлуката на Вселенската патријаршија за испраќањето двајца пратеници во Украина. Според нив, тоа е чекор кон прогласување автокефалност за тамошната црква.

Руската црква во соопштение исто така се заканува дека ќе преземе „акции за одмазда“ на прецизирајќи за што се работи.

Руската црква инсистира православие во Украина под нејзин авторитет, но многу украински парохии отфрлаат надлежност на Московската патријаршија и формираа одвоена црква која сака да биде призната како  автокефална верска институција.

Вселенската патријаршија вчера испратила двајца епископи во „рамки на подготовки за доделување автокефалност на православната црква во Украина“