Скопје повторно смрди! Додека, градоначалникот Петре Шилегов организира комични настапи во кои ја промовира својата не работа, Скопје се гуши во нечист воздух. Воздухот во Скопје е загаден 40 пати над нормалата!, ова денеска на прес-конференција го истакна Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Тоа го прави Скопје најзагаден град во Европа. Загаденоста на воздухот оддалеку ги надминува европските просеци, а според истражувањата на Европската агенција за животна средина, Македонија е земја каде ситуацијата со загаденоста е најалармантна. Мерната станица во Ѓорче Петров, во текот на вчерашниот ден во период од 6-7 часот изутрина и од 9-10 часот претпладнето покажуваше дека вредноста на канцерогените ПМ 10 честичките изнесува неверојатни 1999 µg/m3, по што мерната станица е изгасена. ПМ 10 честички во износ од 1999 µg/m3, се 40 пати над нормалата. Ова не е лошо, ова е алармантно и на сето ова не гледаме никакви мерки од градските власти. Помина повеќе од една година од мандатот на градоначалникот Петре Шилегов и повеќе од една година од ветувањата за решавање на проблемот со загадениот воздух, веднаш откако СДСМ ќе ја преземе локалната власт. Шилегов дојде на власт, а воздухот не само што не е почист, туку е и позагаден, потенцира Андоновски.
Тој додава дека за една година Шилегов нема преземено ниту една мерка за справување со загаденоста на воздухот. Напротив сведоци сме на објаснувања контрадикторни на предизборните ветувања и изговори дека експресно решение дека сега не било можно.
-Доколку нивото на загаденост е алармантно уште во ноември, што го очекува Скопје во декември, јануари, февруари и март? Скопјани не смеат да ја плаќаат неодговорноста на градоначалникот Петре Шилегов, додава Андоновски.