Осквернавен е споменикот на бранителот Горан Стојменовиќ и светиот крст во скопско Инџиково.

По овој немил настан итно се огласи градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски кој упати најостра осуда за сквернавењето на споменикот на бранителот Горан Стојменовиќ и иконите од Светиот крст во Инџиково.

– Изразувам најостра осуда за вечерашното сквернавење на споменикот на загинатиот бранител во борбите во Диво Насеље, Горан Стојменовиќ како и на иконите кои се дел од осветеникот крст поставен во истиот парк во Инџиково. Ваквиот сторен чин на денешниот голем македонски празник Илинден и христијански празник Св. Илија преставува срамен и кукавички чин кој е за најостра осуда. Како градоначалник на општина Гази Баба, барам итно и неодложно превземање на сите законски дејствија од страна на Министерството за Внатрешни работи и час поскоро сторителите на овој чин да бидат изведени пред лицето на правдата. На граѓаните сакам да им порачам да бидат спокојни. И споменикот и иконите ќе ги обновиме, а традицијата на оддавање почит на херојот Горан Стојменовиќ, како и чествувањето на Соборот на 12те Апостоли во Инџиково ќе продолжи!- објави градоначалникот Стефковски на Фејсбук.