САД одобрија продажба на оружје на Германија во вредност од приближно 10 милијарди евра, објави Стејт департментот.
Како што е наведено, одобрението го вклучува барањето на германската Влада и е дел од политиката за зајакнување на капацитетите на сојузниците на НАТО, објави германскиот „Шпигел“.
Продажбата сè уште треба да се достави до американскиот Конгрес, каде би можело да се поднесат приговори.
Планираниот пакет оружје вклучува осум интегрирани системи за управување со борба, модерни радарски системи и ракетни лансери, наменети за зајакнување на поморските капацитети и подобра интеграција со силите на НАТО.
Целта на договорот, според соопштението, е подобрување на националната и колективната одбрана на Германија, како и зајакнување на соработката со силите на САД и Алијансата.
Главни изведувачи во бизнисот би биле американските одбранбени компании „Локид Мартин“ и „РТК Корпорејшн“.




