Мотивот на Заев за заштита на криминалот од Рекет го знаеме, сомнежите се дека тој и неговите структури се силно вплеткани во оваа криминална – октопод мрежа која што тој сака да ја заштити. Но постои и дополнителен мотив, по се изгледа личен мотив кај портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов за така отворено да лаже и да манипулира за овој случај.

Ова денеска го истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Освен можен финансиски бенефит во прашање е морален хазард. Затоа прашуваме: Дали има, и доколку има нека одговори какви се фотографии, материјали и тонски записи постојат од портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов во еден од телефоните на осомничените во случајот „Рекет“? Зошто Костадин Костадинов е толку исплашен од неговиот довчерашен најдобар пријател Бојан Јовановски? Дали е точно дека има инкриминирачки материјали на Костадинов снимени во странство? Дали на овие материјали освен овие двајца се вклучени и други лица, политичари со потекло од една странска земја? Дали е точно дека Костадинов е и чест посетител на скапите, развратни забави организирани од еден од осомничените во „Рекет“, пред неколку месеци во два големи града во една соседна држава?- запраша Стоилковски.

И продолжи:

– Дали Костадинов на овие луксузни забави трошел и народни пари? Ако ова е точно тогаш нека одговори Костадинов што точно правел на тие забави со Бојан Јовановски? Ако стравот на Заев е дознавањето на адресата каде е однесен куферот со пари, дали стравот на Костадин Костадинов е дознавањето за инкриминирачките материјали со неморална содржина најдени во телефонот на еден од осомничените за случајот „Рекет“? Дали стравот кај Костадинов е дознавањето за неговиот неморален карактер? Дали СДСМ е партија која што е претворена во дувло на развратот во изминативе неколку години? Дали Костадинов го дели истиот став како и Зоран Заев за Бојан Јовановски кажан при неговата изјава, прашува Стоилковски.