Носителката на листата на коалицијата „Обнова за Македонија“ за шестата Изборна единица Дафина Стојаноска заедно со Фуркан Чако од турското национално движење се сретна со граѓаните во населбата Тетовчанка.

Таа исткана дека турската заедница тука дава силна поддршка на оваа коалиција.

– Ни приоѓаат верувајте не само Македонците и Турците, туку и другите етнички заедници кои живеат во Тетово и сите масовно препознаваат од каде ќе надојде најголемата победа досега за Македонија и за она што ВМРО – ДПМНЕ наназад 30 месеци чекаше и се бореше да стигне. Веќе сме на прагот на победата. Нашата победа ќе биде уште поголема затоа што нашите сожители Турци како жители на една држава во која ја почитуваат државноста, се слуша химната на државата, се зборува мајчиниот јазик, а како државници на Македонија ја почитуваат и својата држава во која живеат. Заедно со нив се обвзуваме дека ќе ја донесеме обновата на нашата татаковина Македонија, истакна Стојаноска.

Во текот на денот таа оствари средба со членките на Унијата на жени при ВМРО – ДПМНЕ од Тетово.