Како најмалуброен народ на Балканот треба да бидеме особено рационални и многу внимателно да ја поставуваме нашата стратегија, изјави претеникот Бојан Стојановски на гостувањето во „Колегиум“ на ТВ Алфа. Цени дека не треба да се брза со потезите и дека треба да си максимално наивен за да по се’ што ни се случило во историјата и што ни се случува во денешницата да мислиш дека внесувањето на Бугарите во Уставот е последната пречка во евроинтеграциите.
– Ние можеме сите овие појави да ги поврземе, но овие (Бугарите) нема никогаш да престанат, историски не престанале, па некој треба да биде ултра наивен дека сега ќе престанат, некој друг пак треба да биде убер-наивен и да мисли дека ние – ете сега ќе го смениме уставот и ние нема да имаме натамошни пречки на патото кон ЕУ, бидејќи нивната вековна традиција е таква. Тоа функционира како нивна стартегија и ние треба тука да победиме и ќе победиме со рационалност, не со брзоплети потези, ова се стартегии ко што се практикуваат многу години и мора многу внимателно да ги влечеме потезите. Затоа, мене мие многу мило кога гледам една личност како разговара со оние кои доаѓаат од странство, и во минатиот состав јас исто така бев пратеник и дел од нашата пратеничка група беше претседателката Гордана Сиљановска Давкова и јас ова и лично сум го кажал во јавноста дека и како граѓанин би гласал за неа затоа што кога ќе стане претседател уште поцврсто ќе ги брани ставовите кои ги бранеше и кога беше рпатеник. Такви луѓе во овој момент ги водат нашите институции и затоа ние имаме резулттати, посочи Стојаноски во „Колегиум“.




