Мобилната единица за безбедност во сообраќајот вчера од 5:00 до 22:00 часот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Куманово-Скопје-Велес, при што се санкционирани 132 возачи.

Од нив, како што информира МВР,  27  возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а тројца со дури над 70 километри на час над дозволеното.

Од МВР порачуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за,како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.