Министерството за внатрешни работи  соопшти дека вчера на територија на Скопје изречени се вкупно 283 санкции.

Казни за возење без возачка дозвола добиле 18 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење имало 104 прекршоци, откриени се 16 технички неисправни и нерегистрирани возила и шест мотоцикли, изречени се 66 мерки за непрописно паркирање, 55 возила се подигнати со пајак, а изречени се 40 казни за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.