Кога ќе помислиш дека дното е пробиено, СДСМ те демантира. Од ден во ден имаме се повеќе заразени од коронавирус. Бројката од 386 луѓе во текот на вчерашниот ден е најголемиот број на заразени луѓе во еден ден во Македонија.

Ова се истакнува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение целиот текст од соопштението:

За само една недела од 02.10.2020 до 09.10.2020 година имаме над 2000 заразени.

За само една недела имаме заразени колку што Филипче тврдеше дека ќе имаме во текот на целата пандемија.

Бројот на заразени во изминатава недела е доказ дека Филипче нема ниту капацитет, ниту стратегија за да се справи со ова зло. Наместо реална борба со коронавирусот ние од Заев и Филипче имаме само евтин ПР, за секојдневни ситни политички поени.

Буквално секој ден е нов пик. Македонија се уште не е излезена од првиот бран на коронавирус, кој никогаш не ни завршил. А ни претстои уште поголем есенски бран.

Во последните неколку дена имаме галопирачки раст на бројките, а се што прави Заев е уставно кршење на приватноста на граѓаните.

Наместо безидејност, граѓаните бараат одговорност.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ