Стопиран е тендерот за автобуско метро во Скопје или БРТ (Брз рапит транзит), претходно објавен на страната на Европска банка за развој и обнова.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, уште кога ја зеде фунцкијата најави укинување на проектот, а сега и официјално го стори тоа, објави ТВ Сител.

-БРТ е релативно непознат концепт за граѓаните на Скопје. Според анализите кои биле изготвени минатата година за потребите на Град Скопје се укажува на бројни недостатоци и ризици од проектот кои ќе имаат влијание врз животната средина, што во никој случај не смее да се дозволи. Како што знаете во моментов се водат преговори со ЕБРД и по нивното завршување граѓаните ќе бидат информирани за договореното, велат од Град Скопје.

Првата претквалификациона фаза на меѓународниот тендер траеше до 14 декември.

Овој проект кој бившиот градоначалник Петре Шилегов долго го најавуваше, а го актуелизира пред годинашниве локални избори на кои беше убедливо поразен.