Две момчиња на 14 и 15 годишна возраст го загубија животот во сообраќајна несреќа која синоќа, десет минути по полноќ, се случила на влезот во струмичкото село Петралинци.

Во судирот на скутер и автомобил загинаа С.К и А.М од село Дрвош, кои биле на скутерот. До несреќата дошло откако се судриле автомобил „Алфа ромео“ управувано од Д.М. (28) од Струмица и скутерот на кој се возеле двете момчиња.

Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица, а телата се предадени на обдукција.

Повеќе детали и информации се најавени во текот на денов.