Автобус удрил и тешко повредил 11 годишно дете во сообраќајна несреќа што вчеравечер се случила во Струга.

Како што соопшти МВР, вчера во 19:40 часот на улицата Едвард Кардељ во Струга, автобус „ивеко“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Г.П. (57) од село Мислешево, удрил во велосипед управуван од 11-годишното момче од Струга.

Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош Струга бил пренесен во болницата Св.Еразмо во Охрид, каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга.