Од СВР Струмица попладнево преку кусо соопштение информираа дека денес во 9:30 часот е добиена пријава од Општа болница Струмица.
Во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението.
Инаку, претпладне околу 9 часот часот група струмичани украдоа мртовец од Инфективното одделение на болницата.
Пациент на 49 годишна возраст бил примен во амбуланта во тешка состојба, откако претходно го донеле неговата ќерка и сопругата. По дваесетина минути починал, а дваесетина граѓани од Турското маало во Струмица го насилно го извлекле починатиот со кревет надвор во дворот на болницата, го дигнале од креветот и го префриле преку оградата, го ставиле во комбе и се упатиле во непознат правец.
Директорот на струмичката болница, д-р Наќе Гогов, го осуди овој чин, бидејќи граѓаните кои го грабнале починатиот не им дозволиле на лекарите да потпишат посмртница и да ги пополнат потребните документи, а се однесувало насилно и кон медицинскиот персонал.
Според него не може да се каже дали починатиот бил заразен од Ковид-19, бидејќи не му бил направен тест. /МИА