Стружанецот Коста кој бил дел од протестите во Струга за законот за децентрализација на Фејсбук му се обрати на синот на поранешниот премиер Владо Бучковски.
Коста на Виктор му порачува дека се уште носи лузна од специјалиците што им ги пуштил неговиот татко во Струга.
Не те познвам лично а би сакал да те сретнам за да ти покажам една лузна од пендрек што веројатно ќе ја носам дур сум жив, да ти кажам како пржеше солзавецот со кој не изнапи татко ти кога ни ги с’сна специјалците во Струга, да ти кажам како моите другари и другарки: Васко, Ѓоко, Милчо, Маца, Дарко, Иљо, Марјан, Иван, Гоце „јадеа” шок бомби, гумени куршуми и пендреци токму во обид да се спротивстават на систем кој го протежираше и управуваше татко ти, и кој е постулат на кој почива и денешниов дефектен систем против кој сите имаме што да кажеме. Речиси бев на твои години кога татко ти и сличните на него не замолкнуваа со страшни методи и средства, колку што видов вам никој не ве спречи во изразувањето на револтот! Уште би те сретнал да ти кажам дека ОК е и самопромовирњето и самофакторизирњето во годините во кои се наоѓаш, но патриотизмот е титула која не се стекнува со избор туку со пожртвуваност, работа и вистинска љубов. Држи се до поезијата тоа ти е супер, во меѓувреме научи што славиме на 11 Октомври и прашај го татко ти зошто му се случи „Струга 2004″ до тогаш, прости но неважен си ко семафор на GTA за да им хајки по тебе!
Искрено би те сретнал!