Луѓето кои по вторпат ќе се заразат со коронавирусот, најверојатно ќе имаат помалку вирусни патогени во себе, што значи дека ќе имаат и поблаги симптоми, покажа научно истражување направено во Англија.

Од 19.470 луѓе кои заболеле од Ковид-19,  потврдени биле 195 повторно инфицирани, според податоците на Канцеларијата за национална статистика (ОНС), која го спроведе истражувањето.

Од реинфицираните, 48 имале поголема количина на патогени, објави Скај Њуз.
Анализите, исто така, покажаа дека 99 проценти од позитивните, посериозни случаи откриени во јули се поврзани со видот на делта, во споредба со 92 проценти во јуни и 46 проценти во мај.

Се наведува дека луѓето кои имаат „посилен позитивен тест“ имаат поголема количина на патогени и имаат поголема веројатност да имаат „класични“ симптоми, како што се кашлица, гадење и главоболки, наместо само губење на чувството за мирис и вкус или гастроинтестинални проблеми, како што се болка во стомакот, дијареја и повраќање.

Истражувањето открило и дека секој четврти млад човек кој има позитивен тест за ковид повеќе не ги почитува правилата за самоизолација.