Никако не ми е јасно ова секојдневново барање министерот Филипче да дадел оставка и тоа ќе било спас од пандемијата, објави денеска ексминистерот и сопартиец на Венко Филипче, Горан Сугарески.
– Аман бре луѓе. Човекот со целиот медицински пероснал буквално изгина во помагање и спасување на луѓе. Ако имате некои предлог мерки предложете му ги нему и на Kомисијата. Ништо не помагате ако пишувате секој ден соопшетнија да даде оставка. Нема да даде и да ги остави граѓаните и државата на цедило, објави Сугарески на Фејсбук.
Владејачката партија СДСМ, пак, на која и припаѓа и Сугарески, денеска ја обвини опозицијата „за дејствување против јавото здравје“. А синоќа министерот за внатрешни работи и висок фукнционер на владејачката партија, Оливер Спасовски објави дека е инфициран од коронавирусот.