Ние кабает немаме! Дипломатски мудро не реагиравме остро на последните подмолни провокации од бугарските „сонувачи“, а сега ЕУ е на потег, вели ексминистерот, експратеник и висок функционер на СДСМ, за блокадата од Бугарија.

– Првата блокада од соседна Бугарија потврди дека политиките на официјална Софија зависат и ги диктираат Каракачанов и нему сличните! Многу трагично и погрешно! Особено за земја членка на ЕУ и НАТО! Таквите „сонувачи“ само преку ширење заблуди и лаги за македонскиот идентитет и историја, сеуште можат да опстојуваат во бугарската политика. Ние кабает немаме! Дипломатски мудро не реагиравме остро на последните подмолни провокации од бугарските “сонувачи”, за да ги изнесеме работите на чистина. Се виде кој го крши договорот за добрососедство! Сега ЕУ како сојуз кој почива на вредности и принципи е на потег! Ние сме биле, сме и ќе останеме македонци кои зборуваат македонски јазик од памти век, секогаш сме на вистинската страна и нема да дозволиме да ни биде одземена националната гордост со ретуширање на историјата, објави Сугарески на Фејсбук.