Вкупно 156 држави се приклучија на глобалната шема Ковакс, што има за цел да обезбеди фер дистрибуција на залихи на идни вакцини против Ковид-19, соопшти денеска сојузот предводен од Светската здравствена организација (СЗО).

Според списокот на СЗО и Алијансата ГАВИ за вакцини, на списокот има 64 богати земји,по крајниот рок што истече минатиот петок.

Целта на Ковакс е да испорача две милијарди дози на безбедни, ефикасни вакцини до крајот на 2021 година ширум светот.