Легендарниот американски боксер Мајк Тајсон ги насмеа и изненади корисниците на социјалните мрежи со необична фотографија на која е претставен како антички македонски владетел, по примерот на Александар Македонски.
На фотографијата, која ја објавил на својот Фејсбук-профил, Тајсон е прикажан во античка облека, со златна ловорова круна на главата. Покрај неговиот лик стои натписот „Mikesander The Great“ (Микесандар Велики).
Фотографијата е создадена со помош на вештачка интелигенција, а необичната трансформација брзо привлече внимание на социјалните мрежи, каде што корисниците се пошегуваа со спојот на боксерската легенда и еден од најпознатите владетели во светската историја.




