Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за појава на слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре во попладневните часови наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во средината на седмицата кога ќе има пообилни врнежи од дожд особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Најниска утринска температура денеска е измерена на Попова Шапка, каде се регистрирани 6 степени , а најтопло утрово било во Битола со 14 Целзиусови степени, соопшти УХМР.

Според утринските мерења, 7 степени биле измерени во Скопје на Зајчев Рид, Крива Паланка и Прилеп, додека 8 степени се регистрирани во Скопје-Петровец, Тетово, Штип, Берово, Маврови Анови и Лазарополе. По 9 степени се измерени во Велес, Виница, Струмица, Гевгелија и Крушево, 11 во Кавадарци, 12 во Охрид и Претор и 13 во Демир Капија.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Лазарополе и на Попова Шапка, каде се измерени по 10 литри на квадратен метар. Во Пожаране се наврнати 6 литри, во Охрид 4, а по еден литар на квадратен метар се измерени во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Крива Паланка и Крушево.