Во Нагасаки денеска се одржа комеморација по повод 81-годишнината од американскиот нуклеарен напад врз тој град.

Јапонската премиерка Санае Такаичи рече дека изјави дека Јапонија ги поддржува трите принципи на ненуклеарно оружје. Таа посочи дека Јапонија, како единствена земја што преживеала нуклеарно уништување за време на војна, ќе продолжи да вложува „реални и практични“ напори за постигнување свет без нуклеарно оружје.

Такаичи исто така ја нагласи важноста меѓународната заедница да ги знае последиците од атомските бомбардирања.

Градоначалникот на Нагасаки, Широ Сузуки во Декларацијата за мир што ја прочита за време на комеморативната церемонија рече дека „нуклеарното оружје не е „нужно зло“, туку „апсолутно зло““ и дека „никогаш не може да коегзистира со човештвото“.

Во 11:02 часот по локално време, присутните на комеморацијата одржаа минута молчење за жртвите од бомбардирањето. Токму во тоа време, на 9 август 1945 година, американски бомбардер фрли атомска бомба врз Нагасаки.