Меѓународниот аеродром Скопје доби наградата за квалитет на аеродромските услуги (Airport Service Quality Award–ASQ) за 2018 година на свеченост во рамки на Глобалниот самит за искуство на клиентите на Меѓународниот совет на аеродроми (Airports Council International–ACI)ACI, кој се одржа во Бали од 2 до 5 месецов.

Анџела Гитенс, генерален директор на ACI World, му ја врачи плакетата за ASQ наградата на Алпер Ерсој, генералниот директор на ТАВ Македонија, концесионерот на  Макѓународниот аеродорм Скопје и аеродормот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

– Оваа награда значи дека скопскиот аеродром е еден од најдобрите аеродроми во Европа во однос на патничкото искуство за 2018 година, во категоријата на аеродроми со помалку од два милиона патници на годишно ниво. Ова е четврти пат како Меѓународниот аеродром Скопје се закитува со наградата ASQ, откако претходно ја доби за 2012, 2013 и за 2015 година. Бидејќи во 2018 година ја надминавме бројката од 2 милиона патници, следната година скопскиот аеродром ќе се натпреварува во друга категорија – аеродроми со сва до пет милиони патници на годишно ниво, изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

Програмата за квалитет на аеродромски услуги (ASQ) е водечка програма на глобално ниво за аеродромски услуги за патници и референтна точка, што го мери задоволството на патниците низ 37 клучни индикатори за успешност. Се спроведува од страна на сертифицирани агенти за спроведување анкети со патници додека тие се на аеродромот, преку стандардизирани Прашалници за квалитет на аеродромските услуги на ACI.

ТАВ Македонија оперира со Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Преку двата аеродрома во првите осум месеци од  годинава се превезени  1,8 милиони патници (1.774.482), што претставува 12,1 процент годишен пораст, а реализирани се 14.744 летови (9,9 процента годишен пораст).