Јавно го прашуваме премиерот Димитар Ковачевски што е по националност, прашуваат од партијата ТМРО.

„Деновиве во една емисија беше кажано дека премиерот Ковачевски е со немакедонска национална припадност, па со оглед дека немаше никаков демант, како македонска национална партија на македонскиот народ јавно бараме изјаснување од премиерот. Во овој комплексен период кога на чуден начин се ставаат на тацна и се распродаваат македонските национални интереси и македонскиот идентитет, ние Македонците имаме право да знаеме кој тоа преговара во наше име“, се вели во денешното краткото соопштение на ТМРО.