Овој чин на понижување и дискриминација на христијаните од целиот свет нема да помине неказнето, како од духовните, така и од овосветските закони, се вели во реакцијата од отец Ивица Тодоров за пренамената на црквата, потоа музеј, Св. Софија во џамија.
– Турскиот суд ја поништи одлуката на Кемал Ататурк од 1934 и ја претвори Катедралната црква во Константинопол „Света Софија“ во џамија! Верска толеранција?! ВЕРСКИ ПРАВА за ХРИСТИЈАНИТЕ?! Ера на човекови и верски права!? Ера на НЕДИСКРИМИНАЦИЈА!? Не може да се каже дека “маските паднаа”, се беше јасно и многу порано, но некои веруваа во “маската”! Ова не е среден век! 21 век сме! Како, некој сее, така и ќе жнее! Ова, како и мачеништвото на христијаните во Сирија и Ирак, но и по целиот свет од страна на фанатичните исламисти, е причина за силно христијанско единство во целиот свет! „Со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери!“, пишува во објавата на Фејсбук.