Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е „смешно“ САД да го продолжат, како што изјави, едностраниот однос со НАТО и повтори дека Алијансата не била таму кога на Вашингтон му била потребна помош.
„Смешно е што САД продолжуваат по овој едностран пат кога односот не е реципрочен. Тие не беа таму за нас!!!“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, помалку од една недела пред самитот на трансатлантската алијанса во Анкара.
Трамп постојано ги критикуваше европските сојузници за нивниот одговор на војната во Иран и постојано го доведуваше во прашање финансирањето на САД за НАТО.
Тој ја поткрепи денешната објава со графикон што покажува колку пари секоја членка издвојува за НАТО – 999 милијарди американски долари, во споредба со 90,5 милијарди долари издвоени од Велика Британија, 66,5 милијарди долари од Франција, 48,8 милијарди долари од Италија и 44,3 милијарди долари од Полска.




