Врховниот суд на САД го прифати барањето на претседателот Доналд Трамп да започне процедура, со која ќе им се забрани на трансродовите лица да служат во армијата.

Петте судии гласаа за предлогот на администрацијата на Трамп, а четворицата беа против, и со тоа се одблокира политиката на американскиот претседател да се забрани служење војска на „трансродовите лица кои бараат или поминале низ процес за промена на полот”.

Четири либерални судии се спротивставија на барањето.